Последниот осминафинален меч од машкиот дел на турнирот на Вимблдон меѓу Новак Ѓоковиќ и Кевин Андерсон е прекинат при резултат 2:2 во сетови поради темница и истиот ќе продолжи денеска во 13 часот по локално време.
Андресон поведе со 2:0 во сетови добивајќи ги двата сета во тај брејк идентично со 8:6 на поени. Ѓоковиќ беше поуспешен во следните два сета со 6:1 и 6:4 во гемови.
Победникот од овој меч во среда ќе игра против Марин Чилиќ.
Денеска се играат четвртфиналните мечеви во женска конкуренција.
На Централниот терен први ќе се појават Марија Шарапова и Коко Вандевеге, а потоа е дуелот Серена Вилијамс – Викторија Азаренка.
На теренот број 1 по продолжението на мечот Ѓоковиќ – Андерсон ќе играат: Гарбине Мугуруза – Тимеа Башчински и Медисон Кејс – Агнешка Радванска.