Мбапе и официјално потпиша за Реал Мадрид, познато е и кој број ќе го носи

Од:

Килијан Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид до 2029 година, а веста и официјално ја потврди кралскиот клуб преку официјалната веб-страница.

Мбапе во Реал пристигнува како слободен играч откако му истече договорот со ПСЖ, а како бонус ќе инкасира 100 милиони евра, додека годишно би требало да заработува 15 милиони евра.

Le Parisien објави дека ќе го носи дресот со број девет на грбот, а од следната сезона би требало да го преземе и бројот десет откако клубот ќе се збогува со Лука Модриќ.

Мбапе го збудале фудбалскиот свет во 2016 година кога како 18-годишник одлично се снајде во дресот на Монако, кој го предводеше до шампионската титула во сезоната 2016/2017, а веќе во 2017 година беше купен од ПСЖ за цели 180 милиони евра.

Тој продолжи да се истакнува во дресот на парижаните и по седум сезони се пресели во Реал Мадрид.

Веќе беше откриено дека Мбапе купил вила во главниот град на Шпанија, а тоа го направил за 11 милиони евра од поранешниот фудбалер на Реал, Герет Бејл.

Би можело да ве интересира

Гледањето на Реал Мадрид на стадион станува луксуз

Предраг Петровиќ

Мбапе не смее да ја носи маската со која тренираше

Предраг Петровиќ

Санирана е повредата на Мбапе, нема потреба од итна операција

Горан Наумовски

Килијан Мбапе потпиша за Реал

„Марка“: Мбапе потпиша договор со Реал Мадрид

Реал реши да го „казни“ Мбапе, му дава 100 милиони евра помалку од пред две години