Маски со ликот на рис за навивачите на македонскиот фудбалски тим

Од:

Македонското еколошко друштво  ќе подели околу 3.000 маски со ликот на рис за навивачите на македонскиот фудбалски тим пред започнувањето на квалификацискиот фудбалски натревар Македонија – Белгија, кој ќе се одржи утре на националната арена „Филип Втори“.

Навивачите, во точно одреден момент за време на одигрувањето на натпреварот, назначен од официјалниот спикер, ќе ги стават маските на своите лица.

Задната страна на маската, освен информациите за користење, ќе содржи и информации кои ќе укажуваат на значењето на рисот како национално богатство и важноста од неговото идно зачувување.

Во Македонија, според Законот за ловство, рисот е трајно заштитен дивеч и неговиот лов е целосно забранет. Се претпоставува дека околу 30-35 единки на балканскиот рис се уште егзистираат на нашата територија, а нивниот опстанок останува низвесен.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска