Македонското еколошко друштво ќе подели околу 3.000 маски со ликот на рис за навивачите на македонскиот фудбалски тим пред започнувањето на квалификацискиот фудбалски натревар Македонија – Белгија, кој ќе се одржи утре на националната арена „Филип Втори“.
Навивачите, во точно одреден момент за време на одигрувањето на натпреварот, назначен од официјалниот спикер, ќе ги стават маските на своите лица.
Задната страна на маската, освен информациите за користење, ќе содржи и информации кои ќе укажуваат на значењето на рисот како национално богатство и важноста од неговото идно зачувување.
Во Македонија, според Законот за ловство, рисот е трајно заштитен дивеч и неговиот лов е целосно забранет. Се претпоставува дека околу 30-35 единки на балканскиот рис се уште егзистираат на нашата територија, а нивниот опстанок останува низвесен.