Машката ракометна репрезентација некомплетна ги почнува подготовките

Од:

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот во пресрет на дуелите од последните две квалификациски кола за Европското првенство во Хрватска 2018. Македонија на 15.јуни ќе гостува кај Украина, а три дена подоцна е домаќин на Чешка.

На стартот од подготовките ќе ги нема нашите интернационалци кои играат за Барселона Кирил Лазаров и Борко Ристовски, како и играчите од Бундес лигата Дејан Манасков, Филип Талески и Филип Миркуловски. Од обврските до понеделник ќе биде ослободен и Столе Стоилов, поради настапите на Вардар, а тогаш се очекува и комплетирањето на селекцијата. Нивните места овие три дена ќе бидат пополнети со играчи од младинската селекција, која ќе настапи на СП во Алжир.

– Јас сакам да имам време за да ја подготвам екипата, но и овојпат нема многу време. Но, така е за сите. Треба максимално да се искористи времето. Првите тренинзи ќе бидат со помладите. За Украина знаеме дека е опасна селекција, впрочем сите во групата победуваат дома. Треба да најдеме против игра за нивната игра, изјави селекторот на Македонија Раул Гонзалез.

Раул истакна има и некои повредени играчи, но јасната слика ќе ја има на вечерниот тренинг.

Би можело да ве интересира

Време е за промена: Младите фудбалери и вторпат поразени од Косово

Беше голем талент и одби да игра за Македонија, па од Порто дојде до Будуќност

Македонија минимално поразена од Саудиска Арабија

Женската фудбалска репрезентација ги доби ривалките во квалификациите за Светскиот куп

Жарко Настоски

Алиоски: Издржавме се, победивме репрезентација со голема фудбалска историја

Катерина Ѓуровски

Реакции во Германија: Срам, бламажа, разочарување, добро што Лев ќе си замине по ЕП

Катерина Ѓуровски