Шпанскиот спринтер Бруно Ортелано освои златен медал на Европското првенство во Амстердам на трката на 200 метри, иако мина втор низ целта.
Најдобро време постигна Холанѓанецот Чуранди Мартина 20,37 секунди, но подоцна поради тоа што стапнал на линијата која ги дели патеките, беше дисквалификуван.
Мартина по оваа грешка, не ги обедини титулите во тркачките дициплини. Тој претходно го освои златото на 100 метри.