Пари Сен Жермен и францускиот репрезентативец Килијан Мбапе на крајот од сезоната кариерата ќе ја продолжи во Реал, бидејќи потпиша петгодишен договор со клубот од Мадрид, пренесува „Марка.
„Марка“ истакнува дека Мбапе пред две недели потпишал петгодишен договор со Реал, кој ќе стапи на сила на 1 јули. Францускиот репрезентативец во Реал пристигнува без обештетување, бидејќи договорот со клубот од Париз му истекува на 30 јуни.
Шпанските медиуми потсетуваат дека Мбапе неколку пати одбиваше да ја продолжи соработката со шампионот на Франција.