Марија де Вилота прозборе за Ф1 инцидентот

Од:

Марија де Вилота јавно за прв пат прозборе за несреќата при тестирање за Marussia Ф1 тимот, откривајќи ги сите детали од инцидентот.

Шпанката имаше сериозни повреди по инцидентот со транспортерот за време на тренингот во јули, потоа следеше операција, но хирурзите не можеа да го спасат нејзиното око.

Марија се врати во нејзината родна Шпанија и го продолжи своето закрепнување, и сега за прв пат прозборе по несреќата за списанието Hola.

„Се сеќавам се – дури и моментот на судирот”, изјави таа и додаде: „Кога се разбудив со сите околу мене, почнав да зборувам на англиски јазик, татко ми рече, Марија, зборуваат шпански, потоа станав свесна што се случило, каде бев и зошто. Окото ми беше покриено па не можев да гледам. Кога прв пат го видов своето лице бев преплашена, имав 140 конци. Но најлошото е сега зад мене“, рече Марија.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он