Марија де Виљота, која беше тест возач во Формула 1, е пронајдена мртва во хотелска соба во Севиља.
Де Виљота во јули 2012 година, за време на тестирањето на болидот на Мурсија, доживеа тешка несреќа во која го загуби десното око.
Таа во февруари годинава најави дека ќе се врати во Формула 1.
Марија де Виљота е ќерка на поранешниот Формула 1 возач, Емилио де Виљота, претходно има возено во Формула 3 и на 24 часа Дејтона.