Поранешниот аргентински репрезентативец и селектор Диего Армандо Марадона ја критикуваше одлуката на ФИФА „Златната топка“ да му биде доделена на Лионел Меси.
– Не беше чесно на Меси да му се додели награда за нешто што не заслужува. Тој беше прогласен за најдобар играч на Светското првенство само поради маркетиншки цели. Имаше други фудбалери кои заслужија да го понесат признанието МВП, рече Марадона и дода дека му е жал што неговата репрезентација го загуби финалето.
Контроверзниот Марадона смета дека Германците имаат силен состав, но дека победија поради грешка на одбраната на Аргентина.