Садио Мане постигна два гола за само четири минути на гостувањето против Челзи и му донесе победа на Ливерпул во денешното дерби во Премиер лигата.
Ова беше натпревар од 2. коло. Дваесет и осумгодишниот напаѓач погоди во 50. минута со удар со глава и четири минути подоцна по големата грешка на домашниот голман Кепа Аризабалага.
Во 75. минута Челзи пропушти да намали, откако пеналот на Жоржињо го одбрани голманот на Ливерпул Алисон.
Ливерпул има максимални шест бода, Челзи остана на три.