Хрватската фудбалска репрезентација на вечерашниот дуел со Камерун ќе настапи засилена во нападот откако на располагање на селекторот Нико Ковач ќе му биде и напаѓачот Марио Манџукиќ, кој поради казна не играше на првиот натпревар со Бразил на отворањето на Светското првенство.
Манџукиќ беше исклучен (црвен картон) на реванш бараж дуелот за пласман на СП со Исланд.
– Мило ми е што се враќам во тимот. Напорно работев и ова е еден од најважните натпревари. Сите сме подготвени. Сон на секој фудбалер е да игра на Светско првенство, а се надевам дека мојот прв настап ќе биде забележан со позитивен резултат, изјави Манџукиќ.
На првиот натпревар од Мундијалот Хрватска загуби од Бразил со 3:1, додека Камерун беше совладан од Мексико со 1:0. Поразениот од овој дуел ќе ги загуби шансите за пласман во осминафиналето.