Познато е под какви услови напаѓачот на Рома, Един Џеко може да се пресели во Јувентус.
Рома не сака да го пушти Босанецот сè додека не најдат замена. Римјаните се заинтересираа за напаѓачот Марио Манџукиќ, кој неодамна играше во Катар, а сега е со статус на слободен играч.
Хрватот и Босанецот и двајцата се ветерани на 34-годишна возраст, додека нивниот статус е сличен, а платата на Манџукиќ ќе биде помала од сегашната на Џеко.
За потсетување новиот тренер Андреа Пирло сака да го види Џеко во Јувентус.