Роберто Манчини, тренерот на Манчестер Сити смета дека борбата за шампионската титула во Премиер лигата сеуште не е готова и дека неговиот тим има шанси да ја одбрани и покрај бодовната разлика во полза на Манчестер Јунајтед.
-Јунајтед има предност од 12 бодови па што? Ако до крај беа четири кола па да кажеме дека се е решено, но на 11 рунди рунди пред завршување на првенството не се сложувам дека завршена е битката за титулата. Ние имаме победнички менталитет и се додека постојат макар и теоретски шанси нема да се предадеме, рече Манчини осоколен по победата во дербито со Челзи.
Тој упати пофални зборови кон своите избраници кои со победата над Челзи се зацврстија на втората позиција на табелата.
-Моите фудбалери одиграа добро, но во еден момент се најдоа во големо искушение. За наша среќа противникот не реализира пенал, а ние иницијативата ја наградивме со два постигнати гола и на крајот заслужено победивме, изјави Италијанецот на клупата на Сити.