Манчини: Шампионот е решен, наша цел второто место

Од:

Задоволен по синоќешната победа над градскиот ривал, тренерот на Манчестер Сити Роберто Манчини веќе го прогласи Манчестер Јунајтед за нов шампион на Англија.

– Што се однесува до врвот се е готово. Јунајтед на седум кола до крајот има 12 бодови предност, сосема доволни за освојување на шампионскиот трофеј. Ние ќе се обидеме да останеме втори. Сепак, на „Олд Трафорд“ покажавме дека не заслужуваме толку да заостануваме зад лидерот, но тоа е резултат на губењето бодови во натпревари на кои требаше да победуваме, изјави италијанскиот стручњак на клупата на Манчестер Сити.

„Граѓаните“ во синоќешното дерби го совладаа градскиот ривал со 2:1 и ја намалија бодовната разлика на врвот на табелата од 15 на 12 бодови.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска