Напаѓачот на Манчестер Сити, Карлос Тевез на вчерашниот натпревар против Барнсли постигна хет-трик, а оваа негова одлична партија стигна само неколку дена откако беше уапсен без возачка дозвола.
Неговата екипа на крајот славеше висока победа со 5:0, а на прес конфернцијата по мечот, Манчини се пошегува со присутните новинари изјавувајќи дека би сакал полицијата почесто да го апси Тевез пред секој натпревар, доколку постигнува волку голови како и против Барнсли.
„По неговото апсење постигна три гола. Се надевам дека ќе го уапсат повторно“- рече Манчини, надоврзувајќи се на статусот на аргентинецот во клубот. „Незнам што ќе се случи на лето. Карлос има уште една година од договорот, но многу пати кажа дека сака да се врати во Аргентина. Се е до него. Моментално не можам ништо да кажам“, заклучи Италијанецот.