Манчини: Ериксон ми е омилен тренер, Марадона – омилен играч

Од:

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, ги наведе играчите и тренерите кои оставиле најголема трага и влијание во неговата кариера како фудбалер.

На трето место меѓу тренерите Манчини го стави Тарчизио Бурник, кој му овозможи да дебитира во Серија „А“ со Болоња.

„Тој имаше храброст да ме пушти на 16 години,“ изјави Манчини за Раи Уно. Втор, според него, е Вујадин Бошков.

„Тоа беше одлично искуство и Бошков ме направи шампион со Сампдорија,“ посочи Италијанецот.

На првата позиција, можеби малку изненадувачки, е Свен-Горан Ериксон.

„Тој беше како брат за мене. Сите тие се различни тренери и научив многу од нив,“ изјави селекторот на „азурите“.

Во однос на играчите, тој ги рангираше вака: „Трет е Роналдо, кој беше феномен, јас играв со него. На второ место е Џанлука Вијали, мојот брат. Секако, Диего Армандо Марадона мора да дојде на прво место“.

Би можело да ве интересира

Наводен руски дрон забележан во Италија, обвинителството започна истрага

(ВИДЕО) Скандал во Италија, поранешниот премиер повлече за коса новинарка

Предраг Петровиќ

Многу силен земјотрес ја погоди Италија

ВИДЕО: Земјотрес во Неапол, жителите ноќта ја поминаа на улица

Катерина Ѓуровски

Легендарен фудбалски тренер е во болница поради мозочен удар

А1он

Евростат: Италија има најстарото население во Европа, просечна возраст 48,7 години