Телевизијата ESPN направи истражување според кое газдите на Сити издвојуваат просечна плата од 5,2 милиони фунти годишно или 100.764 неделно и со тоа тие се најплатен спортски клуб на планетата во конкуренција на 278 екипи од 14 лиги.
Најдобро платени играчи во тимот на Сити се Јаја Туре, Серхио Агуеро и Карлос Тевез.
Минатата година на оваа листа прва беше Барселона, а веднаш потоа Реал Мадрид, но сега гигантите од Шпанија паднаа на третата и четвртата позиција веднаш по бејзбол тимот Лос Анџелес Доджерс кој своите играчи годишно во просек ги плаќа по 4,86 милиони фунти.
Во топ 5 најбогатите спортски клубови на планетата се наоѓа уште еден бејзбол тим од САД, а тоа е Њујорк Јанкес, а единствената екипа од НБА лигата во ова елитно друштво е Лос Анџелес Лејкерс кој се наоѓа на седмата позција.