Манчестер сити ќе разговара за нов договор со Агуеро на крајот на сезоната

Од:

Тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, зборуваше за плановите на клубот да го продолжи договорот со напаѓачот Серхио Агуеро.

– Да видиме што ќе се случи на крајот на сезоната. Не смееме да заборавиме дека Серхио пропушти многу поради повреда. Му треба време на теренот за да влезе во форма, но не сум сигурен дека сега сме во позиција да дозволиме некој да е во составот само колку да се каже дека игра. Ќе разговараме на крајот на сезоната и ќе ја разгледаме ситуацијата со неговиот договор, истакна за „Гол“ Гвардиола.

Во сезоната 2020/21, Агуеро забележа 11 настапи за Манчестер сити, постигнувајќи два гола. Договорот на 32-годишниот Аргентинец важи до крајот на јуни 2021 година.

Вчера интерес за Агуеро покажа новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска