Фудбалерот за врска Кевин Де Брујн го продолжи договорот со Манчестер сити, соопшти прес-службата на клубот. Новиот договор е со важност до 2025 година.
– Не можев да бидам посреќен. Откако се приклучив на Сити во 2015 година, се чувствував како дома. Ги сакам навивачите, моето семејство се смести тука во Манчестер, а моето сопствено ниво на игра се развива многу добро, изјави Де Брујн за официјалната веб-страница на Манчестер сити.
Де Брујн се пресели во премиерлигашот во 2015 година од бундеслигашот Волфсбург. Оттогаш, 29-годишниот Белгиец одигра 255 натпревари за Сити, на кои постигна 65 погодоци и даде 105 асистенции.
Оваа сезона, играчот за врска има одиграно 25 натпревари во Премиер лигата, постигнато седум голови и девет асистенции.