Раководните луѓе на Манчестер Јунајтед сосема неочекувано влегоа во трката по Герет Бејл, додека Арсенал испрати нова понуда тешка 50 милиони фунти за трансфер на Луис Суарез од Тотенхем, пишуваат англиските медиуми.
Според денешните информации кои доаѓаат од оваа земја, менаџерот на англискиот шампион, Дејвид Мојс и понатаму сака да го задржи во тимот Вејн Руни, но посакал во Манчестер да го има и велшкиот интернационалец од Тотенхем, Герет Бејл.
Шансите на „црвените ѓаволи“ на „Олд Трафорд“ да го донесат Бејл се зголемуваат, откако се поизвесно е дека Реал ќе се откаже од неговите услуги поради превисоката сума за негов предвремен раскин на договорот со клубот од Лондон.
За разлика од Реал кој се откажува од Бејл, Арсенал прави уште еден обид, најверојатно последен да го ангажира Уругваецот од Ливерпул Луиз Суарез.
Последната понуда од Арсенал до Ливерпул е 50 милиони фунти или 10 повеќе од претходната која клубот од „Енфилд“ ја одби со образложение дека Суарез не е на продажба.