Манчестер Јунајтед во првиот квартал годинава заработи 92 милиони фунти

Од:

Новиот шампион во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед во првите три месеци од 2013 година заработи близу 92 милиони фунти што претставува рекорден профит во историјата на англискиот фудбалски великан.

Со оваа заработувачка клубот од „Олд Трафорд“ го намали долгот за 16 проценти или во моментов е задолжен за околу 370 милиони фунти.

Ваквата финансиска состојба налага претпазливост во преодниот рок.

– Следната сезона ќе настапиме без некои поголеми промени во тимот. Тоа се должи на нашата задолженост и на одличните резултати што оваа година ги постигнаа сегашните наши играчи, изјави потпретседателот Ед Вудворд.

Манчетсер Јунајтед со сегашниот состав успеа да стигне до шампионскиот трофеј во Англија, а во Лигата на шампионите во осминафиналето беше елиминиран од Реал Мадрид во неизвесна пресметка. Во Мадрид беше 1:1, а на реваншот во Манчетсер 2:1 за шпанскиот претставник.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска