Фудбалерите на Манчестер јунајтед имаат потешкотии при создавањето шанси на денешниот дуел со Арсенал во првото полувреме од дербито на 7. коло од Премиер лигата. Резултатот по 45 минути беше 0:0, а екипата на Оле Гунар Солскјер упати само еден удар кон противничкиот гол во првото полувреме.
Ова е најлошиот резултат на Манчестер јунајтед на домашен натпревар во Премиерлигата од октомври 2015 година.
Тогаш на натпреварот против Манчестер сити, не успеаја ниту еднаш да го загрозат голот на „граѓаните“.