Англискиот фудбалски гигант, Манчестер јунајтед е инфериорен во однос на Тотенхем во натпреварот од 4. коло на Премиер лигата. Манчестер губи на полувреме со 1:4.
„Црвените ѓаволи“ примија четири гола во првото полувреме од натпреварот во англискиот шампионат, првпат од мај 1990 година, кога на полувремето Нотингем форест им водеше со 4:0.
Јунајтед има и фудбалер помалку по исклучувањето на Ентони Марсијал.