Во заостанат натпревар од Премиер лигата екипата на Манчестер Јунајтед го совлада финалистот на ФА купот Хал со 3:1.
Стрелец на двата први гола беше дебитантот Џејмс Вилсон во 31 и 61.минута, а третиот гол за „црвените ѓаволи“ го постигна Робин Ван Перси во 86.минута. Единствениот гол за Хал го постигна Мети Фрајт во 63.минута.
Дуелот со Хал беше последен за Немања Видиќ на „Олд Трафорд“ во дресот на Манчестер бидејќи од следната сезона ќе игра за Интер.
Шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед со новите три бодови има вкупно 63 и три помалку од Тотенхем. Во последното коло има шанса да го мине ривалот во борбата за еврокуповите.
Хал со 37 бодови остана на 15.место, но има обезбеден опстанок во Премиер лигата.
Вечерва ќе се одиграат уште два заостанати натпревари: Манчестер Сити – Астон Вила и Сандерленд – ВБА.