Манчестер Јунајтед подготвува 200 милиони евра за Нејмар, плус плата од 25 милиони евра

Од:

Манчестер Јунајтед втора година по ред ќе го собори светски рекорд во износ на трансферите, бидејќи е подготвен на лето да и плати на Барселона неверојатни 200 милиони евра за Нејмар, објави каталонскиот весник „Спорт“.

Како што е наведено, Јунајтед кој минатата година плати 110 милиони евра на Јувентус за Пол Погба, ќе ја активира откупната клаузула за Бразилецот, плус ќе му понуди годишна плата од 25 милиони евра, девет повеќе отколку што заработува во Барселона. За Нејмар ќе биде резервиран и бројот 10 кој сега го носи Вејн Руни кој ќе го напушти клубот.

Бразилецот неодамна го продолжи договорот со Барселона до 2021 година, но весникот вели дека ако навистина таква понуда пристигнува од „Олд Трафорд“, никој нема да остане рамнодушен на „Камп Ноу“.

Во меѓувреме, Манчестер ќе треба да обезбеди настап во Лигата на шампионите следната сезона.

Би можело да ве интересира

Нејмар нападнат од навивачите поради неговиот изглед, по повеќемесечна пауза се врати на терените

Обид да му го киднапираат новороденчето на Нејмар, вооружени напаѓачи ги врзале родителите на неговата поранешна девојка

Нејмар пристигна, принцот му испрати авион со златен трон

Предраг Петровиќ

Нејмар доби 320 милиони евра, заминува од ПСЖ

Предраг Петровиќ

Нејмар може да го напушти ПСЖ само со отштета од 150 милиони евра

Нејмар сака да го напушти ПСЖ