Манчестер Јунајтед и „Адидас“ подготвуваат рекорден договор

Од:

Се уште англискиот фудбалски шампион Манчестер Јунајтед и компанијата за спортска опрема „Адидас“ подготвуваат договор за спонзорство вреден 60 милиони евра што би преставувал најголем ваков договор во историјата на фудбалот.

Екипата од „Олд Трафорд“ по крајот на сезоната ќе ја загуби шампионската титула, а нема да игра следната сезона во Лигата на шампионите, но и покрај неуспешната сезона, Манчестер е атрактивен за спонзорите.

Според информациите објавени во англиските медиуми, Јунајтед и „Адидас“ веќе постигнале начелен договор и се чека официјализирање на соработката.

Во моментов „црвените ѓаволи“ го одработуваат 10-годишниот договор со компанијата „Најк“ кој им истекува идната година, а по вредност беше двојно понизок од понудата на „Адидас“.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска