Раководството на Манчестер јунајтед се обидува да го убеди напаѓачот Единсон Кавани да склучи нов договор со клубот.
Потпретседателот на „црвените ѓаволи“, Ед Вудворд и новиот спортски директор Џон Муртау во вторникот разговараа со 34-годишниот Уругваец, објави „Дејли мејл“.
Актуелниот договор на Кавани со Манчестер јунајтед трае до 30 јуни 2021 година.
Претходно се дозна дека за напаѓачот е заинтересиран Бока јуниорс, а неговиот татко изјави дека на Единсон не му е многу пријатно во Англија.