Манчестер Јунајтед го освои англискиот Лига куп

Од:

Екипата на Манчестер Јунајтед е освојувач на англискиот фудбалски Лига Куп.

Во финалето одиграно попладнево на „Вембли“ во Лондон Манчестер Јунајтед го совлада Саутемптон со 3-2.

Златан Ибрахимовиќ со два постигнати гола беше најзаслужен за овој трофеј на Манчестер. Швеѓанецот во 19.минута им донесе предност на „црвените ѓаволи“ кои во 38.минута водеа и со 2-0 со голот на Џеси Ленгард.

Но, Саутемптон успеа да ја анулира негативата. Најнапред Џејмс Вард во дополнението од првото полувреме (45+1), намали на 1-2, а во третата минута од второто полувреме (48) Маноло Габиадини израмни на 2-2.

Сепак. Во финишот на мечот притисокот кој го направија избраниците на Жозе Мурињо вродија со плод, па на три минути пред крајот (87) Златан Ибрахимовиќ со својот втор гол го постави конечниот резултат 3-2, за триумф и трофеј во Лига Купот на фудбалерите на Манчестер Јунајтед.

Би можело да ве интересира

Саутгејт си поднесе оставка

ВИДЕО: Шпанија рекорден четврти пат е европски фудбалски шампион

Саутгејт останува англиски селектор

Ана Ололовска

Саутгејт сака да остане селектор на Англија

Ана Ололовска

ВИДЕО: Англија лесно го мина Сенегал и закажа четвртфинале против Франција

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Нотингем го исфрли носителот на титулата Лестер од ФА купот, навивачите сакаа да ги тепаат

Ана Ололовска