Лидерот во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед го продава Вејн Руни за 25 милион фунти, објавуваат медиумите во Англија. Со овој потег продолжува традицијата Алекс Фергусон да се откажува од ѕвездите во својот тим.
Во изминатите 20 години клубот од „Олд Трафорд“ под водство на Фергусон на трансфер листата ги ставаше и своите најголеми ѕвезди како што беа Дејвид Бекам и Кристијано Роналдо кои од англискиот великан отидоа во Реал Мадрид.
Токму против Реал Мадрид, во вторникот Руни мечот го започна на клупата за резервни фудбалери што беше повод да се појавата шпекулациите за негова продажба.
Вејн Руни во Манчестер дојде од Евертон на 18-годишна возраст за сума од 25 милиони и 600 илјади фунти, највисока сума на сите времиња во тој момент за играч под 20 години.
27-годишниот Англичанец со Манчестер има освоено четири шампионски титули, два Лига купа, а еднаш победи и во Лигата на шампионите.