Во дерби натпреварот од 5.коло на англиската Премиер лига вечерва на „Олд Трафорд“ во Манчестер, Јунајтед го совлада Ливерпул со 3:1.
Стрелци за Манчестер беа Блинд, Ерера и Марсиал, а погодокот за Ливерпул беше дело на Бентеке.
Пораз во овој круг доживеа шампионот Челзи, а од фаворитите победи славеа Арсенал и лидерот Манчестер Сити.
Постигнати резултати на седумте саботни премиерлигашки средби:
Евертон – Челзи 3:1,
Арсенал – Стоук 2:0,
Норвич – Бурнемаут 3:1,
Кристал Палас – Манчестер Сити 0:1,
Вест Бромвич Албион – Саутемптон 0:0,
Вотфорд – Свонси 1:0 и
Манчестер Јунајтед – Ливерпул.
Утре играат Сандерленд – Тотенхем и Лестер – Астон Вила, а колото ќе биде комплетирано в понеделник со натпреварот Вест Хем – Њукасл.
Табела: Манчестер Сити 15 бодови, Арсенал 10, Кристал Палас 9, Евертон8, Лестер 8, Свонси 8,…