Кардиф Сити, кој потроши рекордни во клупската историја 20,5 милиони евра на трансферот на Аргентинецот Емилијано Сала, најверојатно нема да може да го поврати потрошениот износ, објави „Тајмс“.
Менаџментот на клубот размислува при купување на нови фудбалери да биде вклучено о осигурување. Ова се случи откако авионот со фудбалерот купен од Нант, Емилијано Сала, исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови.
Аргентинецот во вечерните часови, на 21 јануари се збогуваше со своите поранешни соиграчи во Нант и замина кон Велика Британија за да потпише договор со Кардиф Сити. На патот кон Велс, изнајмениот приватен авион исчезна од радарските екрани во регионот на Каналските Острови.
Во тек е операција за пребарување и спасување, која вклучува два хеликоптери и неколку бродови. Откриени се метални предмети кои можат да бидат дел од исчезнатиот авион. Полицијата во Гернзи објави дека шансите за наоѓање на фудбалерот жив се мали.