Малиот Марко Пејчиновски против охридските далги, овојпат плива за лицата со ретки болести

Од:

Тринаесетгодишниот охриѓанец Марко Пејчиновски попладнево го стартуваше својот најнов подвиг, овојпат во обид да преплива 64 километри во знак на поддршка на лицата со ретки болести.

Марко во вода влезе попладнево околу 18 часот, во придружба на неговите најблиски, лекарски тим, официјални лица и екипа што ќе го следи. Тој од кај Градското пристаниште со решителни завеслаи се упати кон Свети Наум, делница што ќе ја плива во текот на целата ноќ. Се очекува кружната трка преку езерото Охрид-Свети Наум-Струга-Охрид да ја заокружи утре на празникот Голема Богородица на истото место од каде што тргна.

Марко Пејчиновски минатата година направи подвиг за паметење, откако за околу девет часа го преплива Охридското Езеро од Свети Наум до Охрид. Тој е најмладиот пливач кој ја препливал таа делница, со што влезе меѓу легендите на пливачкиот маратон. Успехот на Марко е дотолку поголем оттаму што и самиот тој се соочува со здравствени проблеми односно има доживеано инфаркт на коска на долните екстремитети.

За овој негов подвиг се изработени маички во бела и црна боја кои ќе се продаваат на специјален штанд кој утре ќе биде поставен кај градското пристаниште од 12 часот. Средствата од продажбата на маичките ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Инаку, за минатогодишниот подвиг Марко ја доби Свети Климентовата повелба – највисоко признание што го доделува Општина Охрид, како и „Златна Бубамара на популарноста“, како и признание на порталот „Охридњуз“.

Би можело да ве интересира

Зголемен ризик за загадување, прекумерен риболов и урбанизација на Охридскиот регион и езерото

Езерската полиција спасила две малолетни лица во водите на Охридското Езеро

Предраг Петровиќ

Маж од Неготино се удави во Охридското Езеро

Холанѓанец удрил во камен во Охридко езеро, пренесен е во болница

Анита Петровска Рајковиќ

Бојмацалиев: Со пет пловни објекти ја гарантираме безбедноста на границата и на Охридското Езеро

A1on

Автомобил излета во водите на Охридското Езеро кај Струга

Горан Наумовски