Левица: Еколошки геноцид врз Охридското Езеро, Владата го жртвува јавниот интерес за коруптивен бизнис

Од:

Левица најостро ја осудува неодговорната, корумпирана и клиентелистичка политика на Владата предводена од ДПМНЕ и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои со доделувањето концесии за стопански риболов вршат директен еколошки геноцид врз Охридското Езеро. Фактот што две од шесте концесионерски компании се основани во текот на самиот огласен рок претставува класичен пример на непотизам, незаконско фаворизирање и злоупотреба на јавните добра за остварување на лични и партиски профити. Овој скандалозен потег уште еднаш покажува дека владејачката гарнитура нема никаков интерес за заштита на националното природно богатство, туку исклучиво се раководи од тесните бизнис-интереси на поединци блиски до власта.

„Дополнително, доделувањето концесии е направено без сериозна научна основа, без темелна проценка на состојбата на рибниот фонд и без одобрување од релевантните институции и експерти. Оваа непромислена и штетна политика директно го загрозува опстанокот на автохтоните видови, особено охридската пастрмка и белвицата – видови кои се наоѓаат во критична состојба поради долгогодишната небрежност на властите.

Посебно алармантен е фактот што Владата дозволува годишен улов од десет тони риба, во услови кога вештачкиот мрест и порибувањето се прекинати веќе шест години. Оваа катастрофална одлука е директен напад врз екосистемот на Охридското Езеро, кое е под заштита на УНЕСКО и претставува светско природно наследство.

Владата свесно ги игнорира предупредувањата на еколошките здруженија, научната заедница и граѓаните, кои со години алармираат за драстичното опаѓање на рибниот фонд и деградацијата на екосистемот. Со ова, не само што се уништува природното богатство на државата, туку се доведуваат во директна егзистенцијална опасност традиционалните рибари и иднината на одржливиот риболов во регионот.

Бараме:
– Итно поништување на концесиите за стопански риболов во Охридското Езеро.
– Враќање на рибниот фонд под строг државен надзор и воведување на трајна забрана за комерцијален улов додека не се обнови природната рамнотежа.
– Спроведување на итни мерки за ревитализација на езерскиот екосистем, вклучително и повторно активирање на вештачкиот мрест и контролиран процес на порибување.
– Кривична одговорност за сите инволвирани во оваа еколошка катастрофа, како и ревизија на целиот процес на доделување на концесиите.

Охридското Езеро не е приватен имот на корумпираните политички елити – неговата заштита е одговорност на сите нас, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица му оддаде почит на Гоце Делчев: Неговото дело да биде водилка за политичко делување, а не само протоколарно чествување

А1он

(ВИДЕО) Левица со Предлог-закон за здравствено осигурување за сите

(ВИДЕО) Крмов: СДСМ во страв од Левица ги кочи измените на Изборниот законик

Казна од 550 евра за лидерот на „Црвена младина“

(ВИДЕО) Левица тврди дека е приведен Андреј Куцуловски поради истакнување знаме на Палестина

Горан Наумовски

Левица: Државата не е способна ниту мизерниот 1% од концесиите да го наплати

А1он