„Малиот играч од Македонија“ Зоран Даноски е новата фудбалска ѕвезда во Чешка

Од:

Македонецот Зоран Даноски е новата фудбалска ѕвезда во Чешка, пишуваат локалните медиуми за 22-годишното момче кое игра за прволигашкиот тим ,,Прибрам” и кој на двa натпревара даде два гола и за еден асистираше.

– Го нарекуваат Шукер, но за да го заслужи прекарот според хрватската легенда, мораше да почека на дуелот со Плзењ, кога го исплаши чешкиот шампион, коментираат спортските весници.

Иако Плзењ го доби фудбалскиот дуел, сепак за прилепчанецот Даноски прибрамскиот тренер Франтишек Страка има само пофални зборови, јави дописникот на МИА од Прага.

– Еднаш би сакал да бидам фудбалска ѕвезда, вели Даноски за себе објаснувајќи ја симболичната тетоважа на градниот кош, односно трите ѕвезди кои го најавуваат неговиот сон за стекнување слава.

„Малиот напаѓач“’, кого овде во Чешка така го нарекуваат заради неговите 170 сантиметри висина, фудбалската кариера ја започна во второлигашкиот чешки фудбалски клуб „Бањик Мост“, а сега пред него е шансата за остварување на успешна фудбалерска кариера.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска