Македонските ракометари стартуваат против Словенија на ЕП во Хрватска

Од:

Македонската ракометна репрезентација вечерва против Словенија ќе стартува со настапите на 13-тото европско ракометно првенство што се игра во Хрватска.

Натпреварот во рамките на Ц-групата која се игра во Загреб ќе започне вечерва од 19:30.

Според најавите, се очекува македонските ракометари да имаат поддршка од околу две илјади навивачи кои ќе се обидат да бидат достојна конкуренција за околу петте илјади Словенци кои го најавија своето присуство во „Арена Загреб“.

Покрај репрезентациите на Македонија и Словенија во Ц-групата уште се и Германија и Црна Гора кои меѓусебниот дуел од првото коло ќе го имаат во 17:15 часот.

Вчера, походот на ЕП го започна репрезентацијата на домаќинот Хрватска која со силна поддршка на публиката во Сплит успеа да ја декласира Србија со десет голови разлика.

Инаку, ова за македонските ракометари е петто учество на континенталните првенства. Првото учество беше во 1998 година во Италија, кога беше освоено 12-то место. На следниот шампионат на кој настапи, во Србија во 2012-та година, Македонија го постигна најдобриот резултат и го освои 5-тото место. На шампионатот во Данска, во 2014-та нашите ракометари го освоија 10-тото место, а пред две години во Полска се пласираа на 11-то место.

Би можело да ве интересира

Данците ја прегазија Холандија за сигурно полуфинале

А1он

Македонија вечерва ќе игра против Данска

Ана Ололовска

Македонските ракометари изгубија од Словенија

А1он

Лазаров ги изостави Митев и Трајковски за дуелот со Словенија

Ана Ололовска

Врањеш: Македонците се силен противник, очекувам тежок натпревар

Ана Ололовска

Седмо Европско првенство и 14. учество на големите натпреварувања за македонската ракометна репрезентација

Ана Ололовска