Македонските фудбалски клубови најсиромашни од лигите на Западен Балкан

Од:

Хрватска ја има најскапата екипа, додека Македонија и Босна и Херцеговина најсиромашните клубови од првенствата кои се играат во Западен Балкан, покажа истражувањето на турската новинската агенција Анадолија.

Прв на листата најбогати според истражувањето е повеќекратниот хрватски шампион Динамо Загреб со проценета вредност од околу 34 милиони евра, три повеќе од српскиот првак Партизан од Белград. Третото место и припаѓа на Црвена Звезда (Србија) со нешто повеќе од 28 милиони евра.

Следни на листата во ТОП 10 најбогати на Балканот се: Хајдук (Хрватска) 21,1 милион евра; Војводина (Србија) 15 милиони евра; Риека (Хрватска) 14,4 милиони евра; Славен Белупо (Хрватска) 14 милиони евра; Сплит (Хрватска) 12,8 милиони евра и Марибор (Словенија) 11,8 милиони евра.

Според истражувањето на агенцијата Анадолија, Вардар (Македонија) со 6,5 милиони евра и Железничар (БиХ) со 6,3 милиони евра кои важат за најбогати во своите држави, се на дното на листата од лигите на бивша Југославија.

Индивидуално, за најскап фудбалер важи Лазар Марковиќ (Партизан) седум милиони евра. Од фудбалерите во ПМФЛ, Баже Илиојоски (Работнички) Драган Георгиев (Вардар) и Дејан Блажевски (Турново) со по 600 илјади евра се со најголема вредност.

Табела според вредноста на лигите:

1. Супер лига – Србија 166,5 милиони евра (16 екипи, 462 играчи)
2. НХЛ – Хрватска 150,4 милиони евра (12 екипи, 321 играч)
3. Премиер лиха – БиХ 56 милиони евра (16 екипи, 407 играчи)
4. Прва лига – Словенија 53,8 (10 екипи, 257 играчи)
5. ПМФЛ – Македонија 45,3 милиони евра (12 екипи, 293 играчи).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска