Македонските фудбалери со убедлив триумф се враќаат од Лихтенштајн

Од:

Македонската фудбалска репрезентација ја прекина серијата од три последователни нерешени натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство идната година во Катар и со победа од 4:0 (1:0) вечерва над Лихтенштајн во Вадуц изби на второто место во групата Ј.

Првото полувреме мина во целосна доминација на македонскиот состав и откако Милан Ристевски и Елиф Елмас за малку биеја непрецизно, Дарко Чурлинов ја погоди пречката, а голот на Александар Трајковски беше поништен поради офсајд, водството дојде во 39 минута преку Дарко Велкоски.

Теренската иницијатива на Македонците продолжи во вториот дел и донесе на крајот убедлив триумф со головите на Езѓан Алиоски од пенал (66 мин), Бобан Николов (74) и Чурлинов (83) за прва победа под водство на новиот селектор Благоја Милевски.

Во преостанатите два натпревари вечерва во групата Ј, Германија со пресврт ја совлада Романија на домашен терен со 2:1, додека Исланд и Ерменија одиграа нерешено 1:1.

По седум одиграни натпревари, македонската репрезентација е второпласирана со 12 бодови, идентично колку и третопласираната Ерменија, а шест помалку од лидерот Германија, која гостува понеделник во Скопје.

Би можело да ве интересира

Извлечени двојките за воведното коло во македонскиот фудбалски Куп

Легендарниот Андон Дончевски денеска го слави 86. роденден

А1он

Македонските фудбалери напредуваа седум места на ФИФА ранг-листата

А1он

Канатларовски: Заслуживме бод, момците одиграа многу храбро и со голема пожртвуваност

Ана Ололовска

ВИДЕО: Фудбалерите со „Земјо Македонска“ го прославија пласманот во баражот за СП 2022

Ана Ололовска

Милевски: Фудбалерите ја оправдаа довербата, имаме потенцијал уште да напредуваме

Ана Ололовска