Откако на најдобар начин ја завршија работата во Загреб, нашите ракометни репрезентативци денеска заминаа за Вараждин, каде ќе ги играат натпреварите од главната група 2.
Македонските ракометари имаат тридневен одмор од натпреварите, а потоа ќе ги чека вистински пекол.
Тие најпрво ќе се сретнат со „Црвената фурија“, а потоа за само 20 часа ќе одиграат две тешки средби со Чешка и со Данска.
Сатница:
21. јануари (недела), 20:30 часот: Македонија – Шпанија
23. јануари (вторник), 20:30 часот: Македонија – Чешка
24. јануари (среда), 18:15 часот: Македонија – Данска
ФОТО: РК Металруг