Македонската репрезентација вечер гостува во Израел

Од:

Македонската фудбалска репрезентација вечер во Бер Шева му гостува на Изреал во квалификациски натпревар за Европското првенство 2020 година.

Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски рече дека би бил задоволен со најмалку три бода од овој и следниот дуел по три дена со Летонија. Уште поголем оптимист е Езџјан Алиоски кој очекува максимални шест бода од двете гостински пресметки.

– Секогаш кога ќе дојдам тука со репрезентацијата, подготвен сум да дадам максимум. Така е и со сите играчи. Лесно е да се каже со зборови дека очекувам шест бодови, и тоа е можно и на теренот, но треба да го дадеме максимумот. Сега треба да го добиеме Израел, и потоа со поголема самодоверба да играме и со Летонија и таму да победиме, изјави Алиоски.

Натпреварот почнува во 20 часот и 45 минути.

По четири кола во Г-групата лидер е Полска со 12 бода, Изреал има 7, а по нив следуваат Австрија 6, Словенија 5, Македонија 4, Летонија 0.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска