Македонската ракометна репрезентација попладне ќе ги дознае противниците за квалификациите за Европското првенство 2022 што ќе се одржи во Унгарија и Словачка во период од 13 – 30 Јануари 2022.
Извлекувањето на групите ќе почне во 17 часот. Вкупно 32 репрезентации ќе учествуваат во квалификациите, а пред извлекувањето репрезентациите се поделени во четири шешири.
Шешир 1: Норвешка, Шведска, Данска, Германија, Франција, Словенија, Чешка, Исланд.
Шешир 2: Австрија, Белорусија, Португалија, С. Македонија, Србија, Русија, Црна Гора, Холандија.
Шешир 3: Швајцарија, Литванија, Романија, Босна и Херцеговина, Украина, Летонија, Полска, Белгија.
Шешир 4: Финска, Италија, Турција, Израел, Естонија, Грција, Косово, Фарски Острови.
Пласман на ЕП обезбедуваат првите две репрезентации од сите групи, како и четири најдобро рангирани репрезентации кои ќе завршат на третото место во групата.
Директен пласман на ЕП 2022 обезбедија репрезентациите на Унгарија (домаќин), Словачка (домаќин), Хрватска и Шпанија (финалисти на ЕП 2020), додека 32 репрезентации ќе се борат за преостанатите 20 слободни места за ЕП 2022.