Македонската одбрана и подари три бода на Словачка

Од:

Грешките во одбраната беа причина македонската фудбалска репрезентација да го загуби синоќешниот натпревар со Словачка и покрај тоа што „црвено-жолтите“ во поголемиот дел од средбата беа подобар противник и создадоа повеќе шанси за гол.

Конечните 2:0 за Словаците беа поставени уште во првото полувреме за само 13 минути во периодот од 25 до 38 минута. Најпрво погоди Јурај Куцка во 25.минута по лошата интервенција на целиот последен ред во македонската селекција, а во 38.минута Мојсов му овозможи на Адам Немец да прими топка на само пет метри од голот на Томе Пачовски и лесно да реализира.

Македонија најблиску до погодок беше по слободните удари на Александар Трајковски кој двапати ја погодуваше рамката на словачкиот гол, а изгелдни шанси за реализација имаа и Бесарт Абудрахими, Крсте Велкоски и Аријан Адеми, но десетте илјади македонски навивачи присутни на арената „Филип Втори“ во Скопје немаа можност да се израдуваат.

За избраниците на селекторот Бошко Ѓуровски ова беше трет пораз во четирите рунди од квалификациите за ЕУРО 2016.

Словачка е лидер во групата Ц со максимални 12 бода.

Резултати на другите два натпревара од 4.коло во оваа група: Луксембург – Украина 0:3 и Шпанија – Белорусија 3:0.

Табела: Словачка 12 бодови, Шпанија 9, Украина 9, Македонија 3, Белорусија 1 и Луксембург 1.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска