Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година ги почна подготовките за големиот настан, историскиот настап на Европското првенство во Полска.
Избраниците на Благоја Милевски првиот тренинг го имаа на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во склопот на „Куќата на фудбалот“ при ФФМ.
Македонија е во група со Шпанија, Португалија и Србија.
„Црвено-жолтите“ првиот натпревар го играат против Шпанија на 17 јуни.