Фудбалската репрезентација на Македонија, вечерва на арената „Филип Втори“ ќе го одигра натпреварот од третото коло, во рамките на квалификациите за пласман на СП во Бразил.
Противник на избраниците на селекторот Чедомир Јаневски ќе биде Хрватска, официјално 11-та светска репрезентација.
Двете репрезентации, пред еден месец, во Загреб, го отворија овој квалификациски циклус, тогаш победи Хрватска, со голот на Јелавиќ.
Натпреварот Македонија-Хрватска ќе започне во 20:30 часот, пред овој меч Хрватска, на табелата во А групата има четири бода, Македонија во стартните два меча освои еден бод.