Македонската фудбалска репрезентација денеска игра против Полска

Од:

Фудбалската репрезентација на Македонија денеска во Анталија (Турција) од 17 часот и 15 минути ќе одигра пријателски натпревар против репрезентацијата на Полска.

Селекторот на „црвено – жолтите“ Чедомир Јаневски изјави дека овој меч е шанса за повиканите играчи да ги покажат своите квалитети и со тоа да го заслужат местото меѓу најдобрите на идните натпревари.

– Гледавме долгорочно кога ги одбиравме потенцијалните репрезентативци од домашниот фудбал. Не се повикани фудбалерите само за овој натпревар. Ќе има и други контроли, но и ќе бидат следени во своите клубови за да не убедат во нивните вистински можности и да одбереме нови репрезентативци за поголема конкуренција, изјави Јаневски.

Тој за дуелот со Полска, со исклучок на двајца играчи, повика фудбалери од домашното првенство: Мите Цикарски, Остоја Стјепановиќ, Јован Костовски, Драган Георгиев, Предраг Ранџеловиќ (Вардар), Стојан Димовски, Дејан Блажевски (Хоризонт Турново), Владица Брдаревски, Владимир Димитровски (Работнички), Томе Китановски (Пелистер), Седат Бериша, Ндерим Неџипи, Музафер Ејупи (Шкендија), Филип Најдовски, Владимир Петревски, Марко Симоновски, Ристе Марковски (Напредок), Даниел Божиновски (Силекс), Иван Миртов (Брегалница), Кристијан Наумовски (Динамо Букурешт), Даниел Мојсов (Војводина).

Македонија и Полска имаат одиграно два пријателски натпревари. Во Сплит 2003 година Полска победи со 3:0, додека во Штутгарт 2008 година беше 1:1.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска