Македонија загуби од Белгија

Од:

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Белгија со 2:0 вечерва на „Националната Арена Филип Втори Македонски“ во Скопје пред околу 18 илјади гледачи.

Македонија одлично го отори натпреварот со две големи шанси во почетните минути. Најпрвин Адис Јаховиќ, а потоа и Иван Тричковски не успеаја со глава да го совладаат гостинскиот голман. Белгијците возвратија преку Бентеке во 10. минута, а потоа и го постигнаа водечкиот гол.

Водечкиот гол за Белгија го постигна Кевин де Бруин во 26. минута по киксот на одбранбениот играч Александар Лазевски кој загуби топка во опасната зона и му овозможи на противничкиот играч да влезе во нашиот шеснаесетник и откосо да го совлада Томе Пачовски.

Избраниците на селекторот Чедомир Јаневски беа најмалку рамноправен противник и незаслужено на полувреме отидоа со негатива од еден гол.

Во 62. минута Белгијците преку Еден Азар од пенал го постигнаа и вториот гол што на крајот се покажа како конечен резултат. Претходно над Азар прекршок за пенал направи Лазевски.

Македонија имаше неколку обиди за резултатско враќање, но обидите на македонските репрезентативци за постигнување гол беа безуспешни.

Ова беше натпревар од 5.коло во А квалификациската група за Светското првенство 2014 во Бразил.

На првиот дуел од оваа рунда во групата А, Хрватска во Загреб ја победи Србија со 2:0.

Во тек е последниот дуел од овој круг меѓу Шкотска и Велс.

Табела: Белгија 13 бодови, Хрватска 13 бодови, Србија 4, Македонија 4, Велс 3 (натпревар помалку) и Шкотска 2 (натпревар помалку).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска