Тениската репрезентација на Македонија има водство од 1:0 во мечот против Молдавија од третото коло од Третата Европска зона. Дуелот е прекинат поради темница за време на вториот сингл дуел во кој Томислав Јотовски води против Андреј Сиумак со 1:0 во сетови (6:3 во гемови) и 2:2 во вториот сет во моментот на прекин.
Првиот поен за Македонија го донесе Димитар Грабул, кој со убедливи 2-0 во сетови (6:1 и 6:1 во гемови) го победи Максим Булат. По одигрувањето на сингл мечевите ќе следи и мечот во двојки.
Со евентуална победа Македонија ќе го освои првото место во Б групата и во тој случај ќе игра со победникот на групата Ц најверојатно селекцијата на Луксембург.
Продолжението на мечот е закажано за 8:30 часот наутро по македонско време.
Инаку, нашите тенисери денеска постигнаа две победи. Најпрвин во продолжението на вчерашниот дуел ја совладаа Малта со 2:1, а потоа експресно беше победен Исланд со максимални 3:0.
Со пласман во полуфиналето Македонија ќе добие шанса да се бори за влез во Втората Евро-африканска зона.