Македонските тенисери изборија промоција во Дејвис купот

Од:

Македонската тениска репрезентација ја совлада попладнево Молдавија и избори пласман во Третата европска зона во Дејвис купот.

По воведните триумфи над Косово (3:0) и Андора (3:0), и поразот од Сан Марино (1:2). македонските тенисери во завршниот натпревар од групата Б во Четвртата европска дивизија во Дејвис купот, триумфираа на терените на ТК „Југ“ во Скопје над Молдавија со 2:1.

Калин Ивановски со 2:0 во сетови (6:1, 6:1) го совлада Андреј Горбан, додека Горазд Србљак, исто така, со максимални 2:0 во сетови и еден препуштен гем (6:1, 6:0) беше подобар од Максим Казак.

Во последниот трет меч во двојки, Обрад Марковски и Стефан Мицов поведоа со 1:0, а при водство на противникот со 3:1 во вториот сет, го предадоа дуелот.

Пласман во Третата европска дивизија во Дејвис купот од групата Б обезбеди и Молдавија, додека Црна Гора и Ерменија изборија промоција од групата А.

Би можело да ве интересира

Русија го освои Дејвис Купот 2021

Ана Ололовска

Русија избори финале против Хрватска во Дејвис купот

Катерина Ѓуровски

Јотовски и Симева најдобри на Мастерсот во Скопје

Ана Ололовска

Победнички старт на Ѓорческа во Севиља

А1он

Од 20 јуни Скопје домаќин на меѓународен детски тениски турнир

Ана Ололовска

Чери куп Скопје тениски куп за деца 2020

Ана Ололовска