Македонските ракометари вечерва во Загреб го играат второто коло од првата фаза на Европското ракометно првенство против Црна Гора.
Во саботата, нашите ракометари ја победија Словенија, а со евентуален триумф вечерва ќе се обезбеди пласман во втората фаза. Победа вечерва ќе значи и пренесување на најмалку два бода во следната група, што ќе значи и зголемување на шансите за висок пласман.
Македонија во овој натрпевар влегува како фаворит, а селекторот Раул Гоназлез предупредува да се потценува противникот, кој во првиот натпревар убедливо загуби од Германија.
Наптреварот се игра вечерва од 20 часот и 30 минути, додека другите две селекции од нашата Ц-група, Словенија и Германија ќе играат од 18 часот.