Македонските ракометари го заработија третиот пораз во третиот натпревар од главната фаза на Европското ракометно првенство кое што се игра во Хрватска.
Со убедливи 31:20, селекцијата на Данска славеше и си го обезбеди првото место во групата, додека Македонија остана последна со само 3 поени.
Резултатот до полувремето беше изеначен, а на паузата ракометарите заминаа со нерешен резултат, 12:12.
Најуспешен во нашиот тим беше Филип Кузмановски со 6 постигнати погодоци, додека кај Данците најпрецизен беше Дамгард Нилсен со 11 голови.
Во другиот натпревар од термиот од 18 часот и 15 минути, селекцијата на Норвешка со 26:25 славеше против Шведска.
Со оваа победа Норвешка се искачи на третата позиција со 6 освоени поени, исто колку што имаат и Хрватска и Шведска, но Хрватите имаат натпревар помалку.
Тие од 20 часот и 45 минути го играат последниот натпревар во групата против Франција.
Во нашата група вечерва Германија и Шпанија во меѓусебен дуел одлучуваат кој ќе оди во следната фаза.